ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШЕТО BRIX ИСКУСТВО

Вина, дестилати и дегустации со препознатлив карактер

Од внимателно избрани вина до премиум дестилати и вински дегустации, BRIX го носи вкусот на Имако поблиску до вас, преку искуства создадени за уживање, откривање и споделување.

IMAKO ESTATE Rose 0.75L

690 ден
Суво розе вино произведено од 100% грозје Мерло, со бледо розова боја на лосос и живописен, чист отсјај. Ароми на свежи јагоди, црвени цреши и суптилен допир на малина, дополнети со нежни цветни ноти на розови ливчиња и допир на цитрусова кора. Средна до висока киселост што придонесува за свежина и лесна питкост. На непцето доминираат свежи вкусови на јагода и црвена цреша, кои го одразуваат носот, надополнети со малина и суптилни цитрусни нијанси, како крваво портокал.
Додај во кошница

IMAKO CONSTELLATION Шардоне 0.75л

1.050 ден
Суво бело вино добиено од сортата Шардоне. Се одликува со кристалнa светло-жолта боја. На нос се забележува пријатна свежина на ароми на младо тропско овошје како млада банана и штотуку исечен ананас надополнети со дискретни тонови на ванила. Вкусот нуди повторно широка палета на тропско овошје и диња надополнети со зачински тонови на каранфилче, бел бибер и пријатна горкост на кора од грејпфрут која му дава дополнителена комплексност на долгиот послевкус. Елегантно вино со полно тело и свежи и пријатни киселини. Се комбинира со паста со бели сосови, специјалитети од пилешко и мисиркино месо, риба и морски плодови. Препорачана температура на служење: 8-12 °С
Додај во кошница

IMAKO FAMA Sparkling wine 0.75L

790 ден
Eлегантно пенливо вино создадено од сортите Chardonnay и Pinot Grigio. Свежина, софистицираност и интегрирани меурчиња добиени преку Charmat Methodе. Ова вино е одраз на нашата стратегија за создавање вина што се современи, префинети и пристапни, но секогаш со силен печат на квалитет и традиција.
Додај во кошница

IMAKO Craft Blend 188, Small Batch Premium Brandy 40%, 0.5л

3.250 ден
Small batch Craft Blend 188 e лимитирана серија на бренди зреено во дабови буриња 12 години со јачина од 40% алкохол. Се одликува со длабока килибарна боја, butterscotch арома и многу комплексен вкус во кој се чувствува микс на суви овошки како смоква и крем со лешник. Послевкусот е топол, пријатен и долготраен.
Додај во кошница

IMAKO Bohemian Brotherhood XO Бренди 40%, 0.7л

5.990 ден
Bohemian Brotherhood е извонредно бренди зреено во дабови буриња 10 години, со јачина од 40% алкохол. Со интензивна килибарна боја, Bohemian Brotherhood има многу богат вкус и содржи комплексна арома од суво овошје и топли зачини кои се потенцирани со префинети вкусови од карамела, јатки и тутун. Апсолутно извонредно зреено бренди!
Додај во кошница

IMAKO Indigo VSOP Бренди 40%, 0.7л

1.650 ден
Indigo е инзвонредно бренди зреено во дабови буриња минимум 5 години, со јачина од 40% алкохол. Се одликува со килибарно златна боја и ароми на суви овошја, даб како и ноти од карамела и ванила. Послевкусот е топол, пријатен и долготраен.
Додај во кошница

Резервирајте го вашето Brix искуство !

Од внимателно избрани вина до премиум дестилати и вински дегустации, BRIX го носи вкусот на Имако поблиску до вас, преку искуства создадени за уживање, откривање и споделување.
Резервирај веднаш

Наследство на страст и извонредност.

Основана во 2002 година од семејството Љуботенски, винаријата Имако Вино се роди од желбата да се продолжи богатото семејно наследство на производство на вино. Лоцирана во Повардарскиот регион, во Овчеполското виногорје, нашата винарија ужива во клима со 2.293 сончеви часови годишно – идеални услови за одгледување грозје со исклучителен карактер.

Највисоко оценета Македоснка ракија на IWSC London 2025

Мераклиска Лозова Ракија

40%

Процент на алкохол

0.5 L

Волумен

Мераклиска ја потврди својата позиција како еден од најпрепознатливите македонски дестилати, освојувајќи 94 поени на престижниот International Wine & Spirit Competition во Лондон. Создадена од внимателно селектиран вински дестилат и созревана во дабови буриња, се одликува со топол, заоблен карактер и ноти на ванила, мед и тостиран даб.

ИЗБРАНО ОД ЉУБИТЕЛИТЕ НА ИМАКО

Најпродавани вина и дестилати

Вина и дестилати со карактер што се препознава, вкус што се памети и квалитет што гради доверба.

Таму каде традицијата добива современ вкус

„Некои го нарекуваат достапен луксуз. Ние го нарекуваме вино создадено за вистински моменти.“

Имако Вино ја носи македонската винска традиција во современ контекст, преку вина и дестилати со потекло, карактер и јасен стил. Од сончевите лозја на Овче Поле, во срцето на Повардарскиот регион, до чашите ширум светот, секој производ ја раскажува приказната за земјата, занаетот и луѓето што стојат зад него.

Создаваме вина што се префинети, но пристапни. Вина што поврзуваат наследство и иновација, знаење и уживање, квалитет и леснотија. Веруваме дека виното треба да биде поканувачко, не комплицирано и дека најдобриот квалитет не се објаснува, туку се чувствува.

wine-infobox-stamp
1.

Потекло од Овче Поле

Нашите лозја виреат во сончевото Овче Поле, регион каде винарството е дел од културата, земјата и начинот на живот со генерации. Ова поднебје му дава на секое вино автентичен карактер, свежина и препознатлива врска со потеклото.

2.

Мост меѓу традиција и иновација

Ја почитуваме традицијата, но ја развиваме преку современ пристап. Во Имако, наследството и иновацијата се надополнуваат, создавајќи вина што остануваат верни на своето потекло, а се блиски до вкусот на денешниот потрошувач.

3.

Квалитет што гради доверба

Нашиот квалитет е потврден преку меѓународни признанија, континуиран извоз и постојано вложување во производството. За нас, довербата не се гради само со награди, туку со секое вино и дестилат што доследно го носи карактерот, стилот и стандардот на Имако.

Majestic Collection (Премиум)

Majestic Vranec, Majestic Temjanika, Majestic Chardonnay & Pinot Rose

Елегантни, комплексни и софистицирани вина. Оваа колекција го претставува врвот на нашето мајсторство.

Wine Flavor

Fruits like cherry

Wine Color

Intense ruby red

Перфектна изработка со многу љубов

Our Blog Winemaking.

On the other hand, we denounce with righteous indignation and dislike men who are so beguiled and demoralized by the charms of pleasure of the moment, so blinded by desire, that trouble.

Претплатете се веднаш и добивајте ги сите информации

Не ги пропуштајте новостите што следат !

Ќе се користи во согласност со нашата Политика за приватност

Имате било какви прашања?

Ќе одговориме на сите ваши прашања во врска со нашата онлајн продажба токму тука.
Од понеделник до петок од 07:00 - 15:00 часот